11/06/2023 toni

Започнува проектот CLOSE – инклузивни образовни средини и социјално-емоционално учење преку филм

СОУ„Јосиф Јосифовски“ – Гевгелија стана партнер во реализацијата на нов Еразмус проект „CLOSE – Инклузивни образовни средини и социјално-емоционално учење преку филм“, одобрен од Италијанската Национална Агенција.

Од 7-9 јуни во Витербо, Италија на првата меѓународна конференција CLOSE, организирана од координаторите St. Thomas International School присуствуваа експерти од областа на кинематографијата и медиумската писменост со цел поттикнување размена на знаење, соработка и иновативни идеи во потрагата по зајакнување на заедниците преку филм. На состанокот координаторката на проектот за СОУ„Јосиф Јосифовски“ Снежана Сарамандова ја претстави нашата стратегија за дисеминација. Станува збор за проект во кој се вклучени 6 партнер институции од 4 земји, со фокус на поддршка на инклузијата во училишното образование со користење на филм за справување со дискриминација, промовирање на социјалното и емоционалното учење и поддршка на наставниците.

Партнери: Меѓународното училиште Сент Томас Италија, СОУ Јосиф Јосифовски – Гевгелија Македонија, Т-хап Кипар, Фабрика Глокал Италија Грета ду Велеј Франција, Laboratorio Immagine Donna Италија