На 7 јули 1952 година, со решение на Советот за просвета, наука и култура при Владата на НР Македонија,  неполната или нижа гимназија „Јосиф Јосифовски“ прераснува во Полна, осумкласна гимназија.

Набргу потоа во учебната 1956/1957 година дошло до трансформација на школскиот систем во Република Македонија. Од Полна гимназија „Јосиф Јосифовски“ станала Виша гимназија, задржувајќи ги горните четири класа.

На 1.1.1976 година се обединуваат Гимназијата и Металското училиште „Ристо Поп-Ристов“. Така се формира Училишниот центар за средно образование „Јосиф Јосифовски“.

Гимназиското образование и понатаму продолжува со работа.

Иновации гимназиското образование доживува во 2001/02 година кога се воведени изборните подрачја: општествено-хуманистичко и природно-математичко. Приемниот испит во средно образование е укинат, а воведено е полагање на државна матура која им овозможува на учениците да се запишат и на избраниот факултет без полагање приемен испит.

 

Денес во гимназиско образование функционираат:

– општествено-хуманистичко подрачје, комбинација А и Б (четврт степен);

– природно-математичко подрачје, комбинација А и Б (четврт степен).