Во учебната 1978/1979 година започнува со работа Угостителско-туристичка насока.
Зошто да учите угостителство и туризам?
Ќе учите за дестинации, хотели, ресторани, туристички атракции, крстарења, настани, туристички услуги, туристички агенции, тур-оператори, превоз, авиокомпании и многу други работи кои заедно формираат една огромна индустрија.
Угостителството и туризмот се во постојан раст и има потреба од сè повеќе квалификувани работници и иноватори секоја година. Постојат толку многу добри причини зошто треба да учите угостителство и туризам. Туризмот е услужна индустрија. Насекаде во западниот свет услужните индустрии цветаат. Една од овие индустрии е угостителството и туризмот. Туризмот секоја година бележи огромен глобален раст и се предвидува да расте далеку во иднината. Дефинитивно е индустрија на иднината. Растот значи дека се повеќе квалификувани работници се потребни низ целиот свет.
Со проучување на туризмот стекнувате вештини и знаења за да бидете дел од овој раст. Со проучување на туризмот, вие се позиционирате точно во центарот на услугата. Учите вештини на комуникација и организација што се пренесуваат во многу други услужни дејности и индустрии. Учите како да создавате туристички патувања и незаборавни искуства за патникот. Секој турист има различни очекувања, мотивации, расположенија, искуства и мислења што ќе ја направат вашата работа интересна и, исто така, неверојатно, предизвикувачка.
Зошто да се запишеш во нашата струка?
Затоа што имаме современ наставен план и програми според кои се извршува теоретско-практичната настава;
Затоа што стекнуваш знаења, вештини и искуства неопходни за твојата успешна професионална иднина;
Затоа што туризмот и угостителството се една од најбрзорастечките дејности во светот;
Затоа што ќе имаш можности да учествуваш во значајни натпревари и манифестации;
Затоа што можеш да научиш странски јазици кои ќе ти бидат од огромна корист во професионалната кариера;
Затоа што во текот на наставата ќе имаш можност да учествуваш во организација и реализација на стручни патувања, посети и екскурзии;
Затоа што сакаш да патуваш, да запознаваш други култури и народи.