„На мојата генерација ù беше лесно. Требаше да најдеме работа.
Нашите деца ќе мора да измислат работа.“
– Милтон Фридман.
Во последните неколку години, истражувањата на пазарот на труд потврдуваат дека невработеноста кај младите е висока и дека работодавачите се соочуваат со проблеми при селекцијата на нов кадар. Младите имаат завршено соодветен степен на образование што го бара конкретното работно место, но им недостасуваат соодветни знаења и вештини кои се неопходни во извршувањето на работните обврски.
Економско – правна и трговска струка ви нуди развој на вештини.
Запишете се економско – правна и трговска струка затоа што:
- Светот се менува, климата се менува;
- Не можеме да живееме и да работиме како што работиме денес;
- Новите работни места ќе ги срушат постојните граници;
- Она што го правиме ќе се промени. Како го правиме тоа ќе се промени уште повеќе;
- Продолжуваме да учиме во свет кој никогаѓ не престанува да се менува;
- Технологијата може да ја замени физичката и ментална работа;
- За да напредуваме треба да развиеме уникатни човечки способности:
ЧУВСТВО
ИНТЕГРИТЕТ
УЧЕЊЕ
ЉУБОПИТНОСТ
СОРАБОТКА
Не можете да седите настрана и да дозволите промената едноставно да се случи. Луѓето со соодветни квалитети ќе напредуваат во оваа комплексна иднина. Тие ќе помогнат да се одржува конкурентната економија на Република Северна Македонија.