Машинство претставува област во инженерството која вклучува примена на законите на физиката во процесот на анализа, проектирање, изработка и одржување на механички системи. Машинството бара солидно познавање на клучните концепти како што се механиката, термодинамиката, механиката на флуиди, науката за материјалите и технологијата на обработка на материјалот. Машинството има широка примена во производството на автомобили, авиони, системи за ладење и греење, изработка на индустриски капацитети, опреми и машини. Тоа е едно од најстарите и најшироките дисциплини во инженерството.

Заварувач (тригодишно образование)

 

Оспособен е правилно да сече и обработува делови со електричен лак и со гасна постапка, да заварува со рачно електролачна постапка, заварува со електричен лак во заштита од инертни гасови. Лицето е оспособено да ракува и да одржува алати, апарати и опрема за заварување. Со стекнување на квалификацијатa, ученикот ќе може да работи како Заварувач во автомобилската, поморската, транспортната, општо производната, градежната и во многу други области.

Автомеханичар (тригодишно образование)

Одржува и поправалесни моторни возила, подетално, правилно демонтира и монтира мотор и составни делови на мотор со внатрешно согорување, ја контролира работата, одржува и ги отстранува неисправностите на подвижните и неподвижните делови на моторот, недостатоците на механизмите и системите на моторот; одржува, сервисира и поправа електрични уреди, систем за напојување, подмачкување и ладење; одржува, сервисира, поправа неисправности и менува акумулатор, алтернатор, стартер и др. електрични уреди на возилото и на преносниот механизам; менува пневматици и урамнотежува тркала, одржува и менува делови на системите за безбедност во возилото (ABS, TCS, воздушни перничиња); контролира и одржува систем за сопирање, управување и потпирање. Со стекнување на квалификацијатa, ученикот ќе може да работи како Автомеханичар во автомобилската индустрија или со отпочнување сопствен бизнис.

Машински техничар за моторни возила (четиригодишно образование)

Одржува, сервисира и поправа моторни возила, но и учествува при нивното производство; организира и врши надзор над одржувањето и поправките на моторните возила, дијагностицира неисправности на моторното возило, проверува, подесува и
поврзува делови и системи на моторното возило и организира постапки во производниот процес на моторните возила. Со стекнување на квалификацијатa, ученикот ќе може да работи како Дијагностичар на неисправности на возила, Механичар и монтер на мотори и моторни возила, Оператор на технологијата на производство и одржување на мотори и моторни возила или Соработник за техничка документација во машинството во индустријата за производство на моторни возила и делови за моторни возила, сервиси за одржување и поправка на моторни возила, технички служби, станици за технички преглед, автосалони, продавници за резервни делови, претпријатија со возен парк, претпријатија кои вршат јавен превоз на патници и товар, а може да води и сопствен бизнис.