08/06/2021 toni

Се одржа маинфестацијата Од најдобрите за најдобрите

Во вонредни услови, со почитување на протоколите, се одржа традиционалната манифестација на СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија „Од најдобрите за најдобрите“.

Манифестацијата беше поделена во три дела: доделување на сертификатите од последните два проекта на Еразмус, доделување на сертификатите од проектот „Меки вештини“ и доделување на благодарници на најуспешните ученици.

Иста така манифестацијата беше збогатена со настап на училишниот хор под диригентската палка на професорот Илија Атанасов, ликовна изложба на учениците под менторство на професорката Розета Картова, пригодна рецитација на учениците под менторство на професорките Емилија Старделова и Жаклина Атанасова.

На манифестацијата беше промовиран најновиот број на училишниот весник и брошурата „Животот како уметност“ под менторство на професорката Жаклина Атанасова.

Посебно доживување на вечерта беше дегустацијата од специјалитети кои учениците ги подготвуваа додека беа на обука во Гран Канарија под менторство на професорките Зорица Лешевска и Велика Бизоева.