30/05/2023 toni

ОТВОРЕН ДЕН ЗА ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА УЧИЛИШТЕТО

СОУ ,,Јосиф Јосифовски” – Гевгелија го реализираше Отворениот ден за ученици од основните училишта на кој беа презентирани струките и гимназиското образование пред идните средношколци!
Настанот беше успешен и посетен од полуматурантите, наставниците и директори од основните училишта од нашата и соседните општини, претставници од локалните компании и одделение за образование при Општина Гевгелија.
Учениците беа информирани за предностите и можностите што ги нуди СОУ,,Јосиф Јосифовски” Гевгелија преку гимназиското и стручното образование и практичната настава.