28/06/2021 toni

Обука за образованието, семејството и менталното здравје

Во организација на Општина Гевгелија и Институтот за европски образовни, социо-културни и економски политики ЕВРОПА ЗА ТЕБЕ Скопје во просториите на СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија се одржа обука наменета за наставниците од средните училишта и за директорите и стручните тимови од општинските основни и средни училишта.

Имајќи ја предвид актуелната ситуација предизвикана од пандемијата на Ковид-19, се востанови потреба од одржување на обуки на тема: „ОБРАЗОВАНИЕТО, СЕМЕЈСТВОТО И МЕНТАЛНОТО ЗДРАВЈЕ ВО ВРЕМЕ НА КОВИД- 19“. Обуките ги реализира мултидисциплинарен тим од областа на психологијата, педагогијата и социологијата на следните поттеми:

  1. проф. д-р Ана Фрицханд, „Предизвиците пред менталното здравје во време на пандемијата на ковид-19“;
  2. проф. д-р Елизабета Томевска-Илиевска, „Модели на вербална и невербална комуникација со учениците во услови на пандемија“;
  3. проф. д-р Татјана Стојаноска Иванова, „Улогата на семејството и масовните медиуми во време на ковид-19 – предизвици и последици“.