11/04/2021 toni

КОНКУРС 2021/2022

К О Н К У Р С за запишување ученици во СОУ „Јосиф Јосифовски“ - Гевгелија за учебната 2021/2022 година

Со Конкурсот за запишување ученици во средното образование во учебната 2021/2022 година е утврдена можноста за запишување ученици според наставните планови и програми за: гимназиско образование, стручно образование (техничко образование – четиригодишно траење, стручно образование за занимање – тригодишно траење).

За ученикот кој ќе се запише во паралелка во стручно образование која е означена со *(соработка со компанија), практичното образование ќе биде со зголемен број часови поминати во компанија.

I. Во СОУ „Јосиф Јосифовски“ – Гевгелија за учебната 2021/2022 година според утврдени наставни планови и програми во прва година ќе се запишат 286 ученици во 10 паралелки со настава на македонски јазик според наставни планови и програми за:

Гимназиско образование

– 102 ученици, 3 паралелки, 60 поени минимум, мак 102 уч. 3 пар.

Гимназиско образование

– 34 ученици, 1 паралелкa, 60 поени минимум (македонско – француска билингвална паралелка) мак 34 уч. 1 пар.

Угостителско – туристичка струка

– 50 ученици, 2 паралелки
хотелско – туристички техничар, 45 поени минимум 
*(соработка со компаните ФОРТУНА ИНТЕРНАЦИОНАЛ ДООЕЛ Гевгелија, САНСЕТ-ЈПФ ДООЕЛ Гевгелија, МОТЕЛ ВАРДАР МТС ГРУП ДООЕЛ Гевгелија, ПРИНЦЕС ГРУП ДОО-РАМАДА ПЛАЗА ХОТЕЛ Гевгелија, ФЛАМИНГО МАКОТЕН ДООЕЛ Гевгелија) мак 25 уч. 1 пар. 4 г.тр.
келнер/готвач мак 25 уч. 1 пар. 3 г.тр. 30 поени минимум

*(соработка со компаните ФОРТУНА ИНТЕРНАЦИОНАЛ ДООЕЛ Гевгелија, САНСЕТ-ЈПФ ДООЕЛ Гевгелија, МОТЕЛ ВАРДАР МТС
ГРУП ДООЕЛ Гевгелија, ПРИНЦЕС ГРУП ДОО-РАМАДА ПЛАЗА ХОТЕЛ Гевгелија, ФЛАМИНГО МАКОТЕН ДООЕЛ Гевгелија)

Машинска струка

– 50 ученици, 2 паралелки

машински техничар за моторни возила, мак 25 уч. 1 пар. 4 г.тр. 45 поени минимум

*(соработка со компаниите ФОРТУНА ИНТЕРНАЦИОНАЛ ДООЕЛ Гевгелија, ДОЈРАН СТИЛ ДООЕЛ Дојран, КОНТИ ХИДРОПЛАСТ ДООЕЛ Гевгелија,ВАНЕ ВИДИА,  МОТО ПРОМ ДООЕЛ Гевгелија)

– автомеханичар/ заварувач, мак 25 уч. 1 пар. 3 г.тр. 30 поени минимум
*(соработка со компаниите ФОРТУНА ИНТЕРНАЦИОНАЛ ДООЕЛ Гевгелија, ДОЈРАН СТИЛ ДООЕЛ Дојран, КОНТИ ХИДРОПЛАСТ ДООЕЛ Гевгелија, МОТО ПРОМ ДООЕЛ Гевгелија)

Економско – правна и трговска струка

– 25 ученици, 1 паралелка
– економски техничар, 60 поени минимум
*(соработка со компаниите КОЛВЕКО ОФИС ДООЕЛ Гевгелија, ЈПКГ Комуналец Гевгелија и со Општината Гевгелија) мак 25 уч. 1 пар. 4 г.тр.

Здравствена струка

– 25 ученици, 1 паралелка
– физиотерапевтски техничар/ гинеколошко-акушерска сестра, 70 поени минимум
*(соработка со ЈЗУ Општа болница Гевгелија, Негорски Бањи АД Гевгелија)

II. УСЛОВИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ И КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР НА УЧЕНИЦИТЕ
Запишувањето на учениците во СОУ „Јосиф Јосифовски“ во учебната 2021/2022 година ќе се врши под услови и на начин утврдени со Законот за средното образование, Законот за стручно образование и обука и со овој Конкурс.
Условите за запишување на учениците во прва година се:
– да имаат завршено основно образование;
– да не се постари од 17 години;
– да се определиле за план и програма за еден од следните видови образование:
а) гимназиско образование;
б) стручно образование и обука;
– да ги исполнуваат критериумите утврдени со овој Конкурс.

Критериуми за избор на учениците се:

− среден успех на ученикот од VI до IX одделение;
− среден успех на ученикот постигнат по четири предмети (мајчин јазик, странски јазик и два предмети што се од значење за струката);
− дипломи за освоени (I, II и III) места од меѓународни натпревари, како и државни натпревари (организирани од акредитирани здруженија од Министерство за образование и наука) по мајчин јазик, странски јазик, природни науки, математика, хемија, физика, биологија и географија и наставни предмети што се од значење за струката односно изборното подрачје

− средна вредност од поени добиени за поведение од VI до IX одделение.

За средниот успех од VI до IX одделение ученикот може да добие најмногу 50 поени (општиот успех од шесто, седмо, осмо и деветто одделение се собира, се дели на четири и истиот број се множи со коефициент 10).

За средниот успех постигнат од четирите предложени наставни предмети (два наставни предмети задолжително за сите видови образование и два предмети што се значајни за струката), ученикот може да добие најмногу 20 поени (5 поени за секој предмет).

За освоено место од меѓународни и државни натпревари ученикот може да добие:
– За освоено место од меѓународни натпревари 5 поени
– За освоено место од државни акредитирани натпревари: за I место – 3 поени, за II место – 2 поени и за III место – 1 поен.

За средна вредност од поените за поведение од VI до IX одделение, ученикот може да добие најмногу 5 поени. (Примерно поведение се вреднува со 5 поени, добро поведение се вреднува со 3 поени и незадоволително поведение се вреднува со 0 поени. Средната вредност е збир од поените за поведението од шесто, седмо, осмо и деветто одделение поделен со 4).

Ученикот по сите критериуми може да добие најмногу 80 поени.

Учениците од ромската етничка заедница можат да се запишат во одредено јавно средно училиште ако имаат до 10% помалку поени од бројот на поените предвидени согласно Конкурсот за соодветните наставни планови и програми и ако ги задоволуваат дополнителните критериуми за испит на знаења и вештини во соодветното училиште.

Бесплатен превоз или сместување на учениците кои ќе се запишат во прва година во јавните средни училишта нема да биде обезбеден, ако избраниот вид образование (струка или насока) го има во општината, односно регионот.

Доплнителни критериуми

Доколку се пријават поголем број ученици кои ги исполнуваат предвидените услови од планираниот број предвиден во овој конкурс, се организира квалификационо тестирање по наставниот материјал од осмо и деветто одделение по следните наставни предмети и тоа:

– за гимназиско образование – мајчин јазик и математика;
– за здравствена струка – биологија и хемија,
– за другите струки – мајчин јазик и математика.

Утврдениот минимум број поени за првото пријавување е составен дел на овој Конкурс.

Доколку не се пополнат ученичките места во предвидените уписни рока, СОУ „Јосиф Јосифовски“ – Гевгелија ќе продолжи со запишување на ученици до 31.8.2021 г.

Пријавувањето се врши лично од ученикот или родителотг, односно старателот.

 

П Р Е Г Л Е Д
на наставните предмети од основното образование кои се предвидени во критериумите за рангирање на успехот на учениците:

ГИМНАЗИСКО ОБРАЗОВАНИЕ природно – математичко подрачје (комбинација А)
– мајчин јазик
– странски јазик
– математика
– физика

ГИМНАЗИСКО ОБРАЗОВАНИЕ природно – математичко подрачје (комбинација Б)
– мајчин јазик
– странски јазик
– математика
– биологија

ГИМНАЗИСКО ОБРАЗОВАНИЕ општествено – хуманистичко подрачје (комбинација А)
– мајчин јазик
– странски јазик
– математика
– историја

ГИМНАЗИСКО ОБРАЗОВАНИЕ општествено – хуманистичко подрачје (комбинација Б)
– мајчин јазик
– странски јазик
– математика
– историја

Економско – правна и трговска
– мајчин јазик
– странски јазик
– математика
– историја

Здравство и социјална заштита
– мајчин јазик
– странски јазик
– биологија
– хемија

Машинска струка (машински техничар)
– мајчин јазик
– странски јазик
– математика
– физика

Угостителско – туристичка струка
– мајчин јазик
– странски јазик
– биологија
– географија

 

III. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ

При пријавувањето, учениците ги поднесат следните документи:

– пријава за запишување (пријавата ученикот бесплатно ја зема од СОУ „Јосиф Јосифовски“ при самото поднесување на документите);
– оригинални свидетелства од VI до IX одделение;
– дипломи, (доколку имаат) од освоени (I, II и III) места од меѓународни и државни натпревари од мајчин јазик, странски јазик, природни науки, математика, хемија, физика, биологија и географија и наставни предмети што се од значење за струката, насоката, односно изборното подрачје;
– извод од матичната книга на родените (без оглед на датумот на издавањето);

-потврда за вакциналниот статус на ученикот издадена од службата за вакцинација.

Некомплетните документи нема да се разгледуваат.

 

IV. КОНКУРСНИ РОКОВИ
Пријавувањето и запишувањето на учениците ќе се врши во еден уписен рок со три пријавувања во месец јуни.

Прво пријавување и запишување:

14 Јуни 2021 година во период од 12:00 часот до 19:00 часот;

15 и 16 јуни 2021 година во период од 07:00 часот до 19:00 часот и

17 јуни 2021 година во период од 07:00 часот до 15:00 часот.

Ранг листите со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 17 јуни 2021 година во периодот од 16:00 часот до 19:00 часот.

Квалификационото тестирање ќе се организира (доколку за тоа има потреба) на 21 јуни 2021 година, а конечните ранг листи со резултатите ќе се објават на 21 јуни 2021 година.

Второ пријавување и запишување

23 И 24 јуни 2021 година во период од 07:00 часот до 19:00 часот и

25 јуни 2021 година во период од 07:00 часот до 15:00 часот.

Ранг листите со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 25 јуни 2021 година во периодот од 16:00 часот до 19:00 часот.

Квалификационото тестирање за второто пријавување ќе се организира (доколку за тоа има потреба) на 26 јуни 2021 година, а конечните ранг листи со резултатите ќе се објават на 26 јуни 2021 година.

Трето пријавување и запишување

30 Јуни 2021 година во период од 07:00 часот до 19:00 часот.

Ранг листите со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 1 јули 2021 година.

Учениците кои се упатени на поправни испити, испит на година, испити за побрзо напредување, може да се запишат во училиштата во кои има слободни места после јунскиот рок, на 23 август 2021 година за што доставуваат доказна документација.

По објавување на ранг листите со резултатите од запишувањето, учениците кои не се запишани во училиштето, задолжително ја подигнуваат целокупната доставена документација поднесена во училиштето во рок од 48 часа, а училиштата имаат обврска да ја вратат целокупната документација на учениците во рок од 48 часа.

Незадоволниот кандидат има право на приговор во рок од три дена од денот на објавувањето на листата до Наставничкиот совет на СОУ „Јосиф Јосифовски“ – Гевгелија. Во рок од три дена Наставничкиот совет е должен да одговори по приговорот. Одлуката на Наставничккиот совет е конечна.

V. НАДЗОР НАД СПРОВЕДУВАЊЕ НА КОНКУРСОТ
Надзор над спроведување на овој Конкурс врши Министерството за образование и наука, Државниот просветен инспекторат и овластените просветни инспектори на општините.

Кликнете овде за да ги пресметате вашите поени:

Калкулатор на поени за упис во прва година