09/06/2023 toni

Дебата за врсничкото насилство кај учениците

Ученици од СОУ ,,Јосиф Јосифовски” – Гевгелија заедно со стручната служба, на 22 мај, во големиот амфитеатар на Филозофскиот факултет во Скопје присуствуваа на дебата за насилството кај децата. Темите кои беа разгледани ги вклучуваа : *Ефектите од детското насилство врз менталното здравје и благосостојба *Улогата на училиштата во спречувањето на насилството кај децата *Важноста на вклученоста на заедницата во справувањето со насилството кај децата *Влијанието на социјалните медиуми врз насилството кај децата.

На настанот присуствуваше и министерот за образование и наука Јетон Шаќири.