На 14 мај 2016 година на Институтот за хемија на Природно-математичкиот факултет во Скопје се одржа третиот државен натпревар по хемија за учениците од средните училишта во организација на Сојуз на хемичарите и технолозите на РМ.
На натпреварот се пласираа 106 ученици од вкупно пријавени 468 ученици од 50 средни училишта по одржаните општински и регионални натпревари на 12 март и 9 април. Имено, по освоеното прво место на Слободанка Смилкова, второ место на Дарко Папалазов и трето место на Иван Минчев на регионалниот натпревар по хемија , учениците постигнаа успех и на државниот натпревар по хемија.
Имено, ученичката Слободанка Смилкова се пласира на 7-то место во втора категорија и обезбеди пласман на Олимпијада. Ученикот Дарко Папалазов се пласира на 9-тото место во втора категорија и обезбеди пласман на Олимпијада 2016 година. Ученикот Иван Минчев доби пофалница. Учениците беа под менторство на професорката Софче Кочева.