17/05/2016 Goran Manev

ПЛАСМАН НА ОЛИМПИЈАДА ПО ХЕМИЈА

На 14 мај 2016 година на Институтот за хемија на Природно-математичкиот факултет во Скопје се одржа третиот државен натпревар по хемија за учениците од средните училишта во организација на Сојуз на хемичарите и технолозите на РМ.

На натпреварот се пласираа 106 ученици од вкупно пријавени 468 ученици од 50 средни училишта по одржаните општински и регионални натпревари на 12 март и 9 април. Имено, по освоеното прво место на Слободанка Смилкова, второ место на Дарко Папалазов и трето место на Иван Минчев на регионалниот натпревар по хемија , учениците постигнаа успех и на државниот натпревар по хемија.

Имено, ученичката Слободанка Смилкова се пласира на 7-то место во втора категорија и обезбеди пласман  на Олимпијада. Ученикот Дарко Папалазов се пласира на 9-тото место во втора категорија  и обезбеди пласман на Олимпијада 2016 година. Ученикот Иван Минчев доби пофалница. Учениците беа под менторство на професорката Софче Кочева.

13249559_1593605810930142_841563888_n

13228003_1593605804263476_341340079_n

13220073_1593605837596806_1111306033_n