10/05/2016 Goran Manev

Меѓународен натпревар на истражувачки проекти

Учениците Кире Џотов и Лазе Раманчев од СОУ „Јосиф Јосифовски“ во периодот од 9-13 мај учествуваат на меѓународниот натпревар на истражувачки проекти од природните науки во организација на МЕФ образовната институција во Истанбул, Турција.
Во конкуренција од 579 проекти од 26 земји од светот, на натпреварот ќе учествуваат најдобрите 100 проекти кои ги претставуваат 169 ученици од 21 земја – Азербејџан, Босна и Херцеговина, Бугарија, Филипини, Грузија, Хрватска, Ирак, Шведска, Црна Гора, Катар, Киргистан, Северен Кипар, Косово, Македонија, Малезија, Мексико, Полска, Романија, Словенија, Украина и Турција.