26/03/2021 toni

Животот е театар

Петар Стојанов како ученик во гимназиското образование во Гевгелија преку драмската група „Дон Кихот“ ги добива основите на театарскиот живот вљубувајќи се во него и определувајќи ја својата животна професија.

Желбата за актерство ја носи уште од училишните клупи. Тогаш кога како основец за првпат гледал претстава во Театарот за деца и младинци во Скопје. Подоцна љубовта кон театарот ја продолжува во СОУ „Јосиф Јосифовски“ во Гевгелија учествувајќи во претставите реализирани од драмската група „Дон Кихот“. Одлуката да продолжи со студии на Драмскиот факултет ја реализира со успех. Денес Петар Стојанов работи во Театарот за деца и младинци.