13/06/2019 Goran Manev

ЗАПИШУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИ ВО ПРВА ГОДИНА

Во  учебната 2019/2020 година во  прва година  може да се запишат 374 ученици во 11 паралелки според плановите и ппрограмите за:

 

А) ГИМНАЗИСКО ОБРАЗОВАНИЕ   ( 170 ученика во 5 паралелки)

Една билингвална паралелка македонска-француска.

Потребен минимум за ова подрачје е 60 поени.

 

Б) УГОСТИТЕЛКО-ТУРИСТИЧКА СТРУКА ( 102 ученици во 3 паралелки)

 

  • Хотелско – туристички техничар

Потребен минимум поени за ова подрачје е 45 поени.

  • Келнер

Потребен минимум поени за ова подрачје е 30 поени.

  • Готвач

Потребен минимум поени за ова подрачје е 30 поени.

 

В) МАШИНСКА СТРУКА  ( 68 ученици во 2 паралелки )

 

  • Машински техничар за моторни возила

Потребен минимум за ова подрачје е 45 поени.

 

  • Автомеханичар/бравар

Потребен минимум за ова подрачје е 30 поени.

 

Г) ЕКОНОМСКО – ПРАВНА И ТРГОВСКА СТРУКА

 

  • Економски техничар

Потребен минимум поени за ова подрачје е 60 поени.

 

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ

 

При пријавувањето, учениците треба да ги поднесат следните документи:

  • Пријава за запишување ( Пријавата за запишување ученикот ја подигнува од училиштето и истата е бесплатна)

Ученикот има право да избере две комбинации од понудените подрачја.

Доколку ученикот не ги исполнува условите за првата комбинација која ја избрал, ќе биде запишан во втората комбинација ако за истата ги исполнува условите.

 

  • Оригинални свидетелства за VI, VII, VIII и IX одделение
  • Дипломи ( доколку имаат) од освоени ( I, II, III ) места од меѓународни и државни натпревари од ( мајчин јазик, странски јазик и наставни предмети што се од знаќење за струката односно изборното подрачје);
  • Извод од матичната книга на родените ( без оглед на датумот на издавањето)
  • Потврда за вакцинален статус на ученикот издадена од службата за вакцинација

УПИСНИ РОКОВИ 

  • 17 и 18 јуни 2019 година прво пријавување и запишување

Резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 19 јуни 2019 год.  

  • 24 и 25 јуни 2019год. второ пријавување и запишување

Резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 26  јуни 2019 год.  

  • 1 јули 2019 година трето пријавување и запишување

Резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 2 јули  2019 год.  

Учениците кои се упатени на поправни испити, испит на годината, испити за побрзо напредување, моќе да се запишат во училиштето доколку има слободни места после јунскиот рок на 26 август 2019 година за што доставува доказна документација.

Пријавувањето со потребната документација се врши ЛИЧНО од ученикот, односно родителот или старателот.