29/03/2024 toni

ЗАБЕН И ФАРМАЦЕВТСКИ ТЕХНИЧАР ВО СОУ ЈОСИФ ЈОСИФОВСКИ ГЕВГЕЛИЈА

Од учебната 2024/2025 година СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија  отвора нови образовни профили за учениците што ќе се запишуваат во прва година:  ЗАБЕН ТЕХНИЧАР и ФАРМАЦЕВТСКИ ТЕХНИЧАР.

Потребата од овие нови образовни профили доаѓа по направените контакти и соработки со сите чинители во Општона Гевгелија и пазарот на трудот.

Учениците од профилот Забен техничар  низ четиригодишно образование ќе се стекнат со знаења по општо-образовните и стручните предмети и практични умеења и вештини за изработка на: тотални и парцијални акрилатни протези, скелетирани парцијални  протези, едноделно леани протетички конструкции фасетирани со синтетски маси, инлеи, онлеи и леани надградби, соло коронки од метал керамика (естетски коронки), се грижи за правилно чување и одржување на апаратите и инструментите, администрирање, евидентирање и документирање на работни налози и материјали

Низ четиригодишно образование учениците од профилот фармацевтски техничар се стекнуваат со знаења по општообразовните, стручните предмети и практични умеења и вештини. По завршувањето на училиштето ученикот има можност да работи како фармацевтски техничар во аптека, болничка аптека, во одредени оддели во болница, лабораторија или да го продолжи своето образование на фарацевтскиот факултет или медицинските факултети.

И за двата образовни профила според планот и програмите предвидена е практична настава во училиштето, но и во посочените сектори со кој училиштето ќе склучи меморандуми за соработка.

Освен овие два образовни профила во учебната 2024/2025 година во СОУ „Јосиф Јосифовкси“ учениците ќе може да се запишуваат и во следните пбразовни профили:

„Со вистинско образование, до вистински вредности кај личноста на ученикот!“