16/05/2022 toni

Второ место за штандот на Образовното рандеву 2022

СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија учествуваше на Манифестацијата МАССУМ која оваа година се одржа во Велес. Учениците од прва година економска струка учествува во категоријата најдобар штанд под менторство на професорката Тања Чугунцалиева и ја освоија втората награда.

Штандот на учениците од СОУ „Јосиф Јосифовски“ претставуваше еко куќа со соларни панели, фотоволтаици, ламби на сончева енергија…  Целта беше да се претстави економската струка со направен бизнис план и претставување на угостителската струка – келнер/готвач со јадењето кое се служеше на штандот.