17/02/2024 toni

Второ место за нашите ученици Лилјана, Ѓорги, Јована и Ангел

Вчера воE𝐮r𝐨p𝐞 𝐇o𝐮s𝐞 Струмица, група на млади средношколци од средни училишта во Југоисточниот плански регион заедно со Паб квиз – Енигматик одржаа заедничко Квиз дружење.

Учесниците се натпреваруваа во тимови од 4 ученика од училиште на теми од општа култура како што се: музика, спорт, филмови, литература, Еразмус+ и други теми кои се интересни на младите.

Нашите ученици Ѓорги Новаковски, Лилјана Накова, Јована Ѓореска и Ангел Делев придружувани од професорот Томе Џинов го освоија второто место.

Во прекрасна атмосфера и натпреварувачки дух, младите имаа можност да се запознаат, натпреваруваат и дружат меѓусебно.

Оваа активност е одлична за запознавање на учениците од различни градови, со цел креирање на синергија за понатамошните програми со средните училишта од регионот кои се планираат.

Линк од настанот: https://www.facebook.com/100071050220906/posts/427803346264669/?mibextid=oFDknk