08/04/2024 toni

Втора награда за Стефан Младеновски на Државниот натпревар по математика

На ден 30.3.2024 год. во просториите на Природно-математичкиот факултет во Скопје се одржа  Државниот натпревар по математика за ученици од средните училишта. На натпреварот учествуваа најдобрите ученици од претходно одржаните регионални натпревари, или вкупно 141 ученик од I до IV година од сите средни училишта од државата.

На овој натпревар од СОУ„Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија учествуваа учениците од прва година:

-Андреј Димов (ментор Зоран Филов)

-Стефан Младеновски (ментор Јасмина Костова-Папалазова).

Ученикот Стефан Младеновски освои втора награда и, поради овој успех, беше поканет да учествува на Македонската математичка олимпијада што претставува голем успех за нашиот ученик и училиштето.

Македонската математичка олимпијада се одржа на 7.4.2024 во просториите на Природно-математичкиот факултет во Скопје. На олимпијадата се натпреваруваат  најдобрите ученици од државниот натпреварод I до IV година и сите решаваат исти задачи.

Честитки за Стефан и му посакуваме уште многу натпревари и награди.