26/04/2021 toni

Во образованието не треба да постојат бариери

Љубе Бајрактаров е доказ дека обрзованието на секој човек е длабоко море во кое можете да ги пронајдете вашите афинитети и способности. Иако средното образование со успех го завршува во хотелско-туристичкиот профил  во СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија, сепак иднината ќе го насочи кон информатичките науки.

СОУ „Јосиф Јосифовски“ со право предничи со продуцирање на квалитетни кадри и во овој регион од нашата земја претставува образовен лидер.