05/11/2023 toni

Успешно учество на нашите ученици на NOVEMBER RUN 2023

Гевгелија денес беше центар на спортот, атлетиката, дружбата и еднаквоста. Атлетската манифестација „NOVEMBER RUN 2023“, во организација на Атлетски клуб 7-ми Ноември, денес по третпат се организираше во Гевгелија. Најмасовниот спортски, а од оваа година благодарение на Фондација „Ице Бегов“ и хуманитарен настан во регионот.

На патеката на 5 км, во организација на средношколската заедница, претставници на СОУ „Јосиф Јосифовски“ беа нашите ученици Зоран Кундурџиев, Ристе Букршлиев, Андреј Ичев, Мартин Карајанов, Александар Думитрашковиќ и Зоран Илков.

Фондацијата Аполонија од Гевгелија и Локалното акциско јадро Гевгелија, дел од проектот на USAID Здружи се за заедницата, ја поддржува хуманата мисијата на Фондацијата Ице Бегов и Атлетскиот клуб 7ми Ноември од Гевгелија со организирањето на првата инклузивна трка „Трчањето не познава граници – RUN Together“. Со желба да се поттикне младинската филантропија и да се промовираат и поддржат активностите на граѓанските здруженија кои се посветени на лицата со попреченост, на денот на инклузивната трка и детските трки, на плоштадот во Гевгелија, беше организиран добротворен саем „Исчекорете & подарете“. На истиот учествуваа тим од наши ученици, со продажба на домашни колачиња приготвени од ученици од  угостителско-туристичка струка/готвачи и келнери, овошни коктели и face-paint декорации.