01/11/2023 toni

УСПЕШНО СПРОВЕДЕНА РАБОТИЛНИЦА НАМЕНЕТА ЗА НАШИТЕ ИДНИ МЛАДИ ПРЕТПРИЕМАЧИ

Во периодот од 12-14.10.2023 и 19-21.10.2023 се одржаа неколку работилници кои се реализираа во Дојран, а кои претставуваат активност во рамки на проектот Иновации, развој и вработување во земјоделскиот сектор – ,,IDEAS”. Средношколците од СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија и СОУ „Гоце Делчев“ од Валандово работеа на теми за стратешки и финансиски менаџмент,  мониторинг и паметно земјоделство .

На работилницата водена од тимот на предавачи од Преда Плус, овие млади луѓе работеа на теми за стратешки менаџмент и мониторинг, со примена на алатката Бизнис модел Kанвас за развој на бизнис стратегија и планирање на бизнис активности.

Преку презентации, интерактивни вежби и видеа, беше претставена комплексната концепција на бизнисот на забавен и пристапен начин.

Учењето како да се користи Бизнис модел „Канвас“ им обезбеди на потенцијалните млади претприемачи вовед во еден креативен процес од собирање и вреднување на информации до анализа и тестирање, со цел да им ги приближи начините како можат да креираат уникатни вредности на пазарот.

Учесниците имаа можност да се запознаат со можностите и начините на водење бизнис, и како истиот да биде профитабилен.

Исто така, професорката Фиданка Трајковска, од Универзитетот Гоце Делчев од Штип, го презентира концептот на Паметно земјоделство и начините на употреба на информатичката технологија во иновативните земјоделски практики.

Проектот „IDEAS“ преку кој се реализираа обуките се имплементира во рамки на Interreg IPA – CBC програмата за прекугранична соработка ГР-МК за програмскиот период 2014-2020, а е ко-финансиран од националните фондови на земјите учеснички.

Проектот го спроведуваат Фондацијата за локален развој и развој на информатички технологии – Гевгелија во партнерство со Американското земјоделско училиште од Солун, Грција и Мрежата за рурален развој на РСМ.