01/09/2023 toni

Успешна завршница на француските билингвисти

Во СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија изминатите четири учебни години беше реализирана билингвална настава на француски јазик. Пет наставника наставата ја изведуваа двојазично на македонски и на француски јазик, а учениците имаа за задача во четирите години солидно да го совладаат францускиот јазик.

Како доказ дека успешно беше реализиран овој концепт учениците го докажаа со положените испити постигнувајќи го нивото DELF B 1 стекнувајќи се со меѓународно признат сертификат доделен од Министерството за образование на Франција.

Ментор на учениците во изминатите четири години беше професорката по француски јазик Весна Аризанова.