28/09/2021 toni

Уредување на спортските терени во гевгелиското средно училиште

Во СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија продолжува уредувањето на спортските терени. Во изминатиот период беше поставена патека за влез на учениците од оваа североисточна страна, а истовремено беше нанесена земја за исполнување и порамнување на просторот во должина на зградата на Училиштето.

Од страна на Општина Гевгелија поставени се две кошаркарски табли, а со сопствени средства Училиштето изврши бојосување на кошаркарското и ракометарското игралиште.Поставувањето на таблите беше извршено од вработените лица од ЈПКД „Комуналец“ од Гевгелија.

За наредниот период предвидено е да се постават метални ракометарски стативи со цел комплетирање и осовременување на просторот.

Доколку дозволат временските услови ќе се продолжи и со хортикултурно уредување на останатиот простор.