29/10/2021 toni

Учениците од профилот Готвач ќе учествуваат на дигиталниот саем

Во организација на Центарот за стручно образование и Македонскиот центар за граѓанско образование кон средината на месец ноември ќе се одржи дигитален саем на кој ќе учествуваат и ученици од СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија од профилот Готвач. За таа цел веќе е воспоставена соработка со хотелот „Аполонија“ каде за потребите на саемот беше снимен видео-рекламен спот и изјави од учениците кои ќе учествуваат во овој проект. Ментор од хотелот ќе ги следи учениците и ќе помага во реализацијата на следните активности заедно со професорката Марина Калкова.

Целта на саемот е промовирање на постоечките струки во средните стручни училишта во Македонија кои функционираат во рамките на средното образование, а кои ќе послужат во промовирањето на образовните профили пред идните средношколци, односно учениците од основното образование.

СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија е едно од шесте училишта кое е избрано за промовирање на своите квалитети.