13/03/2021 toni

Ученички прилози од ХЕРМЕС

Ученици од СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија под менторство на професорката Ивана Кркотиќ Прошевска учествуваа во проектот „Хермес: Водич за средношколско патување низ антиката“. Проектот е реализиран од Здружението на класични филолози „Антика“ и СУГС „Јосип Броз Тито“ – Скопје.

Ученички прилози

Општата цел на проектот беше да повлијае да се промени начинот на кој младите ги доживуваат антиката и културното наследство и да придонесе за промена на односот што го имаат кон нив. Конкретната цел на проектот „Хермес“ е промена и осовременување на наставните методи и дополнување на дидактичките насоки во деловите од наставните програми по предметите во кои се застапени содржини што на директен или индиректен начин се во релација со античкото културно наследство. Оваа веб страница е всушност продолжение на проектот, односно, „Хермес: Водич за средношколско патување низ антиката 2“, поддржана повторно од Град Скопје, конципирана да овозможи одржливост на резултатите и активностите од претходната година, а нуди различни содржини што можат да ги ползуваат наставници, ученици, но и други заинтересирани. Во иднина овие содржини ќе може да се дополнуваат и збогатуваат.