16/12/2023 toni

Три бронзи за Тамара, Илина и Васка

На натпреварот по латински јазик-ELEX vestibulum, ученичките од СОУ „Јосиф Јосифовски“  Гевгелија, Тамара Дронова, Васка Концалова  и Илина Иванџикова добија бронзена диплома. Ментор на учениците е професорката по латински јазик Мирјана Чамџиќ.

Натпреварот се состоеше од 40 прашања од граматика, цивилизација, историја и култура, а беше организиран во 33 земји од Европа од страна на  Асоцијацијата „EUROCLASSICA “, чиј член е Здружението на класични филолози „Антика“.