19/12/2023 toni

Трето место за Ирина Прошева на натпреварот македонски јазик и литература

На Државниот натпревар по македонски јазик и литература одржан на 16.12.2023 год во Скопје, ученичката Ирина Прошева под менторство на професорката Жаклина Атанасова го освои третото место. На истиот натпревар учествуваа учениците Верица Марковска под менторство на професорот Тони Аврамов и Боркица Ѓоргиева под менторство на професорката Тања Чугунцалиева.