06/03/2021 toni

СОУ „ЈОСИФ ЈОСИФОВСКИ“ Е РАСАДНИК НА ЛИЧНОСТИ СО ЗДРАВИ НАВИКИ

Томе Андонов, кој своето школување го завршил во СОУ „Јосиф Јосифовски“ има кратка но специфична порака до сите оние кои размислуваат дали да се запишат во ова средно училиште.
„Во моето образование во ова училиште, јас, вели Андoнов, заедно со моите соученици, добивме не само теоретски знаења по сите предмети, туку го изградивме нашиот емоционален интелект, нашиот карактер, со здрави навики, комуникациски способности и, пред сè со пријателство.“
„Во СОУ „Јосиф Јосифовски“, амбициите и мотивациите се негувани кај секој ученик, па затоа, истакнува Андонов, може да се смета дека ова средно училиште е вистински расадник на личности со здрави навики, интелектуални способности и големи амбиции.“
За крај, д-р Томе Андонов има кратка порака до сите ученици. Вредно учете, затоа што образованието е моќ, која никој не може да ви ја одземе.