05/12/2023 toni

Средношколската заедница во посета на Центарот за лица со попреченост МАЈКА ТЕРЕЗА

Учениците од Средношколската  заедница при  СОУ “Јосиф Јосифовски “-Гевгелија,  присуствуваа  во Образовниот центар за лица со попреченост „Мајка Тереза” – Гевгелија.

Хуманоста се покажа на дело. Со голема  љубов, емпатија и внимание, учениците со своите златни раце повторно ја покажаа посебноста, довербата и соработката со лицата  со попреченост.

Заедно ги изработија различните новогодишни украси кои истите ќе бидат наменети за Новогодишниот базар, а средствата донирани таму каде што се најпотребни.

Вербата во хуманоста  никогаш не треба да се заборави.

Учениците топло и срдечно беа пречакани  така што  дружбата прерасна во игра,с меа и оро.

Хуманоста е океан,ако се заматат неколку капки,нема и целиот океан да биде валкан.

                                                                                                                            Махатма Ганди