11/09/2023 toni

Со вистинско образование до вистински вредности кај личноста на ученикот

Александар Делиџаков – в.д. директор на СОУ „Јосиф Јосифовски“ Гевгелија

Образованието е најважен сегмент со кој се задоволуваат потребите на новата архитектура на пазарот на трудот предизвикана од брзиот развој на техниката и технологијата. Средното образование е потсистем кој генерира голем број на кадри како работна сила и овој систем треба да има клучно место во општесвото. Создавањето на флексибилен и конкурентен систем на образование може да обезбеди кадри компатибилни на барањата на трудот и да креира општество на знаење.

Каков е предизвикот да се биде директор на училиште кое веќе 70 години успешно ја гради својата историја како најважна образовна институција во Гевгелија? 

Самата функција в.д. директор на СОУ„Јосиф Јосифовски“ носи големи одговорности, бара посветеност и несебично вложување во реализацијата на работните активности. Современото училиште треба да ги поттикнува и развива талентите кај учениците особено оние кои се карактеристични за индивидуата, а се практично применливи и продуктивни. Во таа смисла доколку училиштето кај секој ученик ги развива талентот карактеристичен за него дотолку во иднина ќе имаме врвни стручњаци на сите полиња. И во поглед на наставата, современото училиште како еден од приоритетите ја има творечката настава. Со други зборови, низ наставата учениците ќе имаат можности за ефикасно усвојување на знаење со примена на мултимедијални извори затоа што на тој начин учениците ќе се подготват за активно практикување на теоретските знаења и за успешно вклучување во течението на промените кои ги носи технолошкиот развој во секојдневниот живот. Исто така модернизацијата на наставата наметнува повеќе практика, повеќе конкретни примери, многу реални проекти, вежби затоа што учењето од книга само ги проширува видиците и дава неопходни информации, но не ги развива практичните способности на учениците.

Да бидете директор на училиште кое веќе 70 години успешно ја гради својата историја како најважна образовна институција е предизвик кој бара од вас специфични вештини и стратегии.

Најпрво треба да се разбере историјата и културата на училиштето преку студирање на развојот на училиштето, неговата мисија, вредностите и традициите.

Комуникацијата и изградбата на добри односи со сите чинители вклучени во воспитно-образовниот процес се клучни. Треба да бидете отворени за дијалог и да ги слушнете ставовите и потребите на секој.

Иако училиштето е успешно, секогаш има место за подобрување. Треба да се работи и вложува во развивање на стратегии и акции за подобрување на наставниот процес, вработените и учениците, како и инвестирање во образовни технологии и иновации кои можат да го подобрат образованието во нашето училиште. Како директор, треба да бидете во тек со најновите трендови и истражувања во образованието и константно да се инвестира во свое професионално развивање и обучување. Како лидер, треба да имате силни лидерски вештини, како комуникација, управување со конфликти и менаџмент. Исто така вклученоста на родителите и заедницата во различни активности се важен дел од успехот на училиштето. Важно е да донесувате одлуки со интегритет и да ги применувате најдобрите стратегии за да ги премостите предизвиците.

Да бидете директор на успешно училиште е голем предизвик, но со правилна подготовка, ангажман и стратегии, може да го одржите и подобрите влијанието и квалитетот на образованието во самата институција.

Со оглед на образовните профили што во моментот се изучуваат во училиштето каква ќе биде организационата кадровска поставеност и стручност?

Организационата кадровска поставеност и стручност во училиштата значително зависат од образовните профили и програмите што се изучуваат и треба да се прилагоди според образовните потреби на учениците и целите на училиштето. Важно е да се обезбеди дека наставниците имаат соодветни квалификации и поддршка за да можат да ги исполнат своите улоги ефикасно и да обезбедат квалитетно образование за учениците. Гимназиското и стручното образование во нашето училиште градат мост и се потпираат на неколку столба: Интенционалниот столб е важно обележје на современото училиште, и претставува намерна, свесна активност, која училиштето ја презема за подигање на една млада личност.  Тој е ознака за планско водење и насочено воспитување и образување на младата личност, да се создаде од децата и младите свесни и одговорни граѓани кои ќе бидат подготвени за соочување со предизвиците на современото општество и светот во кој што живеат.

Персонален столб кој е свртен кон ученикот, неговите потреби, интереси, афинитети и можности. Медиумски столб –нашето како современото училиште ги има на располагање современите техничко-технолошки и комуникациски средстава. Се користи информатичката технологија, разновидните аудио и визуелни средства, со што учениците се стекнуваат со информатички комуникациски вештини и се во можност да се вклучат во современиот цивилизиран свет и култура, да пребаруваат да разменуваат информации и да ги користат. Организациски столб – преку кој прецизно се одредени временско-содржинските и просторно-техничките структури. Во училиштето влегуваат ученици со сиромашни животни и едукативни искуства, а излегуваат како едуцирани личности со продлабочени иквалитетни знаења од различни области и подрачја. Временскиот столб кој се согледува во добрата организацска поставеност на воспитно-образовниот и целокупната работа на училиштето. Животот и работата вос овременото училиште се одвива според прецизн   о утврдена динамика на активности и реализација на соодветни содржини во определни временски рамки (годишни, полугодишни месечни, неделни и дневни содржини).

 Училиштето е респектибилен фактор во стопанскиот сектор, како ќе се одвива таканаречената пракса или учењето преку работа во новата учебна 2023/2024 година?

Практичното образование е прецизирано како:практична настава, учење преку работа (УПР) и феријална практика. Во оваа концепција практичната настава се дефинира како организирана форма на поучување која им овозможува на нашите ученици да стекнат знаења, вештини и навики кои се потребни за вршење на работата во рамки на квалификацијата и оспособување за брзо вклучување во процесите на конкретна технологија на работа. Практичната настава се реализира како настава во училишни објекти (работилници, лаборатории, угостителска сала) и настава во реални работни процеси, односно кај соодветни работодавачи. Учењето преку работа е комплексен процес кој овозможува придобивки за сите вклучени заинтересирани страни. Учењето преку работа има цел учениците да стекнат соодветно искуство во одредено подрачје и да развијат потребни вештини со кои се зголемува нивната подготвеност за вработување и работа, преку извршување работни задачи кај работодавач, согласно со утврдена програма. Работодавачите, пак, имаат можност за активно учество во реализација на образовниот процес и влијание врз образованието во согласност со потребите на пазарот на трудот. Тие можат да „заштедат“ во процесот на регрутација на нови кадри и имаат можност за избор на квалитетна идна работна сила која има вештини за специфични работни места. Имаме потпишано меморандуми за соработка со повеќе од триесет компании од нашата општина и се надевам дека тој број ќе го зголемиме оваа учебна година. Со нивното активно вклучување, компаниите се промовираат во локалната средина и пошироко, а се зголемува и мотивацијата на нашите ученици за сопствено усовршување.

 Со оглед на тоа што во последните години повеќе се промовира стручното средно образование, какво е Вашето мислење во оваа насока?

Во свет кој постојано се менува, потребни се нови знаења, вештини и компетенции. Образованието е клучен фактор за вработување, но и за напредок во животот и кариерата. Дилемата е: гимназиско или стручно образование? Академско образование или занимање кое ќе им овозможи стекнување применливи знаења и практични вештини, кои ќе им ги отворат портите за полесно вработување?

Низ целиот свет, стручното образование и обука добива на интензитет како движечка сила за вработување, продуктивност и меѓународна конкурентност. Двете главни цели на стручното образование и обука се: да се излезе во пресрет на образовните потреби на младите, нивниот професионален и кариерен развој, вклучувајќи самовработување и претприемништво; и  соодветно да се одговори на потребите на економијата за квалификуван кадар кој е конкурентен на домашниот и меѓународниот пазар на трудот.

Техничкото образование е цврсто поврзано со стопанството, пазарот на трудот и со други социјални системи. Со воведување стратешки промени во техничкото образование, неговото модернизирање мора да вклучи флексибилно и транспарентно ниво на образование засновано на принципите на доживотното учење, кое треба да одговара на индивидуалните потреби и потребите на пазарот на трудот на национално и локално ниво. Вака конципирано, техничкото образование треба да го поддржи општествено-економскиот развој, нудејќи им на сите запишани ученици, односно на сите поединци можност да стекнат знаења, вештини и компетенции неопходни за вршење работа, односно да се здобијат со квалификации потребни на пазарот на трудот, но и за продолжување на образованието. Тоа треба да го направи техничкото образование доволно отворено и флексибилно за да ги задоволува различните образовни потреби.

 Која е визијата на Александар Делиџаков за иднината на средното образование?

Образованието создава слобода, воспитанието укажува како да се употреби слободата. Со креирање услови за учење и поттикнување развој на умешноста да се учи и научи, да се дејствува во животот и за животот, ја развиваме основата на нашата визија за иднината на нашата воспитно-образовна цел – слободна личност, со безброј можности и способност да дејствува и да успее.

Со 70-годишното постоење нашето училиште преку користење на искуствата од традицијата, со добра организација и стручен наставен кадар, со максимално ангажирање и мотивирање важи за модерно и современо училиште.

Очекувам истото да биде средина со силна поддршка за развивање внатрешна мотивација и ентузијазам за работа, креативност, визионерство, иницијативност,  натпреварувачки дух и тимска работа.

Ќе настојувам да се развива концептот за поттикнување нови идеи, да се негува здрава и сигурна клима за индивидуален развој, да се пренесе свесноста за запазување на пријатна атмосфера во училиштето, со меѓусебно почитување, поддршка и еднакви права за сите. При тоа ќе се задржат аспектите за современа настава, иновативен пристап во наставниот процес, координација со потребите на пазарот на трудот и примена на обуки и стекнување практични вештини преку разни образовни можности, со акцент на инклузивноста, етичноста, хуманоста, еколошката свест, како и слободата на ученикот да креира и да дејствува во согласност со своите можности и афинитети.

Современото учење опсежно навлегува во слободниот избор на можности кои ги пружи образовниот процес, па ученикот ќе има предизвик да ги проширува своите интереси и мотивирано да ги надминува сите задачи, учејќи и тежнеејќи кон повисоки вредносни параметри. Успешни генерации ученици се резултат и сведоштво на класа наставници (вредни, посветени, доследни, вешти во работењето) со многу знаења, со многу квалитети. Работникот има цел и визија, и мора да продолжи да напредува во следење и континуитет на наставните предизвици. Ништо не е тешко кога се сака и може. Прво треба да заслужиш, па да бидеш награден. Мотивот е врвен приоритет!