24/04/2023 toni

Секторот Машинство со проект преку Еразмус програмата

Младинската мобилност е неопходна за развој на претприемнички компетенции и зајакнување на учење засновано на пракса меѓу учениците, а севкупната меѓународна соработка и размена на знаење е особено важна за градење на капацитетите кај наставниот кадар. Покрај успешните реализирани проекти на нашето училиште од секторот Угостителство и туризам и секторот Економија, право и трговија, за прв пат во Еразмус+ проектите зачекорува и секторот Машинство со вкупно 14 ученици и 2 наставника од квалификацијата машински техничар за моторни возила. Мобилноста ќе се изведува во Р Германија во периодот од 18.04-02.05.2023. Преку овие Еразмус проекти учениците ќе се стекнат со нови знаења, вештини и искуства и ќе се запознаат со технолошките процеси на некои од светски познатите компании што им овозможува огромна предност во процесот на вклучување на пазарот на труд. Од друга страна пак, професорите разменуваат искуства за наставните програми во средното стручно образование и преку здобиената обука ги применуваат новите наставни техники и методи за работа во нашиот образовен систем.