Во дворот на СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија беа засадени седум дрвца како симболичен знак на одбележувањето на седумдесетгодишното постоење на гимназиското образование во Гевгелија.
Вработени од Училиштето со гостите од збратимена Инџија сплотеноста и заедништвото го докажаа со заедничко дружење овие денови, не само на овој настан туку и со посета на знаменитостите во Гевгелија и регионот но и во главниот град на нашата земја Скопје.