06/12/2022 toni

Резултати од конкурсот од проектот за врсничкото насилство

Проектот „Врснички форум театар против насилство во училиштата“ ги објави резултатите од литературниот и ликовниот конкурс на тема „Подај ми рака и тогаш кога не паѓам“ за учениците од осовните училишта и од срдношколскиот центар од општина Гевгелија.
На конкурсот пристигнаа 38 литературни творби и 27 ликовни творби од основното образование, 11 литературни и 5 ликовни творби од средното образование
Наградени се следнигте ученици:
Литературни творби од основно образование:
  1. Ефимија Новаковска, Тања Делева и Александра Стоева – ООУ „Владо Кантарџиев“;
  2. Костадин Узунов – ООУ „Владо Кантарџиев’);
  3. Елена Анчева и Матеј Олумчев – ООУ „Крсте Мисирков“.
Ликовен конкурс:
  1. Живко Станчев –ООУ „Ристо Шуклев“ Негорци;
  2. Теодора Манчева – ООУ „Владо Кантарџиев“ Гевгелија;
  3. Мила Танковска – ООУ „Владо Кантарџиев“ Гевгелија и
Софија Милосавлевиќ ООУ”Ристо Шуклев” Негорци.
Од СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија наградени се следните ученици:
Литературен конкурс:
Прва и втора награда не се доделени
Tрета награда: Златка Петрова, СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија и Наде Упчева од СОУ „Богданци“.
Ликовен конкурс:
Нена Стојковска, Ивана Грујиќ и Билјана Јанчева.
Наградените ученици ќе учествуваат на дводневниот камп што го организираат ЗГ „Од станица до граница“ и ЗГ „Рубикон“. Ова е за првпат по подолго време учениците од основните училишта од Гевгелија и СОУ „Јосиф Јосифовски“ заеднички работат на сценарија и теми од кои ќе произлезат четири видеа што ќе се користат за наставниот процес во содржините на Образование за животни вештини, а воедно ќе изработат и една форум-театарска претстава за родителите и граѓанството.