20/09/2023 toni

Реализација на два проекта во Португалија преку Еразмус-програмата

Во рамките на програмата ЕРАЗМУС +, акција КА102 – мобилност на ученици и кадар во стручно образование и обука, поддржано од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, нашето училиште СОУ „Јосиф Јосифовски“ го доби проектот ИНОВАЦИИ И ДВИГАТЕЛИ НА МЕХАТРОНИКАТА ВО АВТОМОБИЛСКАТА ИНДУСТРИЈА, за секторот машинство, квалификација – машински техничар за моторни возилаи проектот ИНОВАТИВНИ БИЗНИС ПРАКТИКИ, за секторот Економија, право и трговија, квалификација – економски техничар/бизнис администратор, со што ја имаме можноста да реализираме мобилност во Барцелос – Р.Португалија, во соработка со партнерската организацијаMobilityFriends https://mobilityfriends.org/во периодот од 17.9. – 30.9.2023година,  преку која ќе развиеме различни вештини вклучувајќи: професионални вештини, социјални и мултикултурни, интеграција во различни средини, одговорности, јазични подобрувања, конкурентност на пазарот на труд и размена на искуства и знаења.

Младинската мобилност е неопходна за развој на претприемнички компетенции и зајакнување на учење засновано на пракса меѓу учениците, а севкупната меѓународна соработка и размена на знаење е особено важна за градење на капацитетите кај наставниот кадар.

Оваа мобилност им овозможува на нашите ученици да стекнат знаења, вештини и навики кои се потребни за вршење на работата во рамки на квалификацијата и оспособување за брзо вклучување во процесите на конкретна технологија на работа.

Нашата цел е учениците да стекнат соодветно искуство во одредено подрачје и да развијат потребни вештини со кои се зголемува нивната подготвеност за вработување и работа, преку извршување работни задачи кај работодавач, согласно со утврдена програма.

Заедно креираме, создаваме, учиме и се дружиме во заедничките проекти кои успешно се реализираат.