13/04/2023 toni

Работилница од проектот Гевгелија Велоград

На 12.04.2023 година во СОУ „Јосиф Јосифовски“ се одржа работилница по Проектот Гевгелија Велоград. Учениците од ова училиште пројавија голем интерес за присуство на работилницата која се одржа во една пријатна атмосфера во новата угоститеклска сала која беше претeсна да ги прими сите заинтересирани ученици.

Таргетираната група која е на прагот на полнолетството иако по природата на нештата треба да пројавува повеќе интерес за полагање на возачки испит и управување со моторни возила, сепак покажаа голема заинтересираност воопшто за подигање на свеста кај граѓаните за користење на велосипед, еколошките придобивки од неговото користење но и здравствените придобивки и создавањето на здрави животни навики.

Се поприсутниот проблем од недостаток со простор за паркирање во централното градско јадро го прави велосипедот вистински избор со кој во одредени случаеви може и побрзо да стигнеме до саканата дестинација.

На работилницата учениците посочија и на потребата од поголеми инфраструктурни услови и стимулации за користење на велосипед во нашиот град кој ги има сите компаративни предности пред другите градови во Македонија за негово користење а тоа се идеалните климатски услови кои овозможуваат употреба на велосипед во најголемиот дел од годината и иделни географски услови во најголем дел равничарски терен со мали  висински разлики кои не поминуваат 10 метри.

Претстојниот натпревар Гевгелиски Велотлон беше најавен на присутните ученици кој како настан исто така предизвика посебен интерес.