29/09/2023 toni

Работилница: Homo homini lupus est-Човек на човека е волк

Активности од Тимот за спречување насилство во училиштата и одбележување на Европскиот ден на јазиците

Со цел да им се помогне на учениците да развијат социјални, емоционални и бихевиорални вештини за да станат граѓани коишто ќе умеат ненасилно да решаваат конфликти и да бидат подобри луѓе, се оддржа работилница насловена „Човек на човека е волк“. На 28.9.2023 година, во училиштната медиатека, дваесет и пет ученици од прва, втора и трета година дискутираа и ја разработуваа темата „Човек на човека е волк“. Преку асоцијации за волкот и анализа на личноста и однесувањето на човекот денес, учениците ги воочија негативните страни на секој облик на насилно и неправедно однесување. Се сложија дека нашето училиште нема да толерира насилство туку ќе промовира позитивни морални вредности. Љубов, емпатија, солидарност, пријателство, соживот беа дел од зборовите коишто беа напишани на македонски, латински, француски,  англиски јазик, германски, грчки и други јазици со цел одбележување на Европскиот ден на јазиците. На крајот од работилницата сите се сложија дека подобра е максимата „Човек на човека е пријател-Homo homini amicus est“. Така да мислиме и така да се однесуваме.

Одговорен наставник: Мирјана Чамџиќ