05/02/2024 toni

Проектот ЈАС=МЕДИУМ ги објави добитниците на наградите

Преку проектот „Јас=Медиум“ кој има за цел унапредување на медиумската писменост кај учениците беше реализиран наградниот конкурс „За мојата приказна јас сум медиумот“.

Наградени ученици од средно образование

  1. Ивана Грујиќ: „Кога минатото би било пресликано во денешната реалност“ (фотографија);
  2. Андреј Димов и Леана Јанковска: „Технологијата наследник на пишаниот медиум“ (фотографија);
  3. Ѓорги Новаковски и Марија Мачукова: „Кога зборува сегашноста минатото не треба да молчи“ (фотоприказна).

Основно образование:

  1. Ефимија Новакова: „Взаемни трепети“ (фотографија);

Комисијата во состав: Петар Јанчев, Розета Картова и Тони Аврамов ги разгледа сите пристигнати творби од основното и средно образование од училиштата од општина Гевгелија и констатира дека творбите ги задоволуваат техничките критериуми на распишаниот конкурс, а според зададената тема „За мојата приказна јас сум медиумот“, поголем дел од творбите ја почитувале зададената цел, а само мал дел создале самостојна тема што не е во согласност со посочената од конкурсот. Комисијата почитувајќи ги правилата на конкурсот и почитувањето на правилата на создавање медиумски производ одлучи да ги нагаради сите пристигнати творби.

Проектот „Јас = Медиум“ на ЗГ „Од станица до граница“ од Гевгелија се спроведува во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 – ReLOaD2, која е финансирана од Европската унија (ЕУ), а ја имплементира Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). Проектот „Јас=Медиум“ е кофинансиран од Општина Гевгелија.