Младите франкофони при СОУ ,, Јосиф Јосифовски “ Гевгелија предводени од професорите по француски јазик, Роза Танева, Весна Аризанова, Мирјана Чамџиќ и Ивана Кркотиќ –Прошевска, направија одлична забава на француски јазик. Убавите песни, танци, драматизации и комедијата ,, Бинго“ ги развеселија лицата на гостите. Уште еднаш се покажа дека убавината на францускиот јазик е безвременска.
Прекрасна француска вечер
