23/01/2024 toni

Посета на ученици од трето одделение на гевгелиската гимназија

На ден 23.1.2024 година, во посета на СОУ ” Јосиф Јосифовски” – Гевгелија, беа учениците од III в одделение од ОOУ ,,Крсте Мисирков’’ – Гевгелија, под менторство на наставничката Наташа Смилкова. Согласно наставната програма за работа, од темата „Учам, учествувам, успевам“, учениците имаа одлична можност практично да ги искусат наставните содржини. На децата им беа презентирани и изведени интересни и едукативни активности, проследени со интерактивни часови, демонстрации на проекти, разговори помеѓу учениците и наставниот кадар, се со цел да се им се доближи теоретскиот дел од наставниот материјал во пракса, а воедно и придобивките од средното образование. Училишниот педагог ги запозна со разликите помеѓу основното и средното образование, а професорите детално им го објаснија секое подрачје, профил и струка на учениците. Нивното големо внимание, фокусираност, заинтересираност и дисциплина ни покажа дека учениците поминаа одлично време во училиштето.

Драго ни е што не посетивте мили деца, Ви благодариме и вам што денот ни го направивте поразличен и забавен. Ви посакуваме успешна иднина под мотото “Со вистинско образование до вистински вредности кај личноста на ученикот”.