06/06/2024 toni

Посета на Трифун Костовски на СОУ Јосиф Јосифовски

На 27 мај 2024 г. во СОУ „Јосиф Јосифовски“ присуствуваше Трифун Костовски кој во далечната 1963/1964 година дел од своите гимназијалски денови помина во ова училиште. Костовски подари 30 шаховски комплети. Изразувајќи ја својата благодарност на професорките Вања Манчева и Јулија Беќарова тој изрази желба и да седне на столчето и клупата во училницата каде ги минувал гимназијалските денови.