17/10/2023 toni

ПОСЕТА НА СОБРАНИЕТО НА МАКЕДОНИЈА

На  ден 13.10.2023 учениците од втора, трета и четврта година го посетија Собранието на Македонија. Од страна на водичот беа запознаени со целите, задачите и работата на пратениците во законодавниот дом, нивната функција во него, како и за историјатот и постоењето на истиот.

На учениците им беа прикажани едни од најважните сали во собранието за посебни свечености и посети на високи фукционери, а тоа се Кристалната и Охридската сала. Посебно внимание на учениците им остави спомен-собата на АСНОМ, салата именувана по поранешниот претседател на Македонија Борис Трајковски како и салата под Големата купола.