30/09/2022 toni

Посета на националните медиуми: СИТЕЛ, МТВ И РАДИО МОФ

Институтот за комуникациски студии го организираше Медиумскиот ден за средношколци. Во рамки на Медиумскиот ден 2022 140 средношколци од различни градови посетија неколку медиуми (телевизии, радио, и онлајн медиум) со цел младите на непосреден начин да се запознаат со улогата на медиумите во општеството, новинарските стандарди, како и со начинот на подготовка на информативните содржини во редакциите.

Медиумскиот ден учениците од СОУ ,,Јосиф Јосифовски ” Гевгелија и  СОУ ,,Богданци ” од Богданци, под менторство на професорите Тони Аврамов и Верица Ризовска го посветија за посета на националните медиуми: Сител ТВ , МРТ ТВ, и Радио МОФ.

Уредниците на медиумите ги запознаа учениците со улогата на медиумите во општеството, нивното функционирање, како и со основните новинарски професионални стандарди.

По посетите на медиумите, средношколците дискутираа за дезинформациите на социјалните мрежи, а новинарот Васко Маглешов со нив сподели примери на видови медиумски манипулации, опасностите кои демнат во дигиталниот свет, но и совети како да се заштитат од нив.

На овогодинешниот Медиумски ден учествуваа средношколци од вкупно десет градови: „Ванчо Прке“ – Виница, „28 Ноември“ – Дебар, „Гоце Делчев“ – Валандово, „Богданци“ – Богданци, „Јосиф Јосифорвски“ – Гевгелија, гимназијата „Ј. Б.-Тито“ од Битола, „Јане Сандански“ – Струмица, „Кочо Рацин“ – Велес, „Зеф Љуш Марку“, „Никола Карев“ и „Јосип Броз Тито“ од Скопје, СЕПУ „Перо Наков“ и гимназија „Гоце Делчев“ од Куманово.

Голема благодарност до организаторите medium.edu.mk и Институт за комуникациски студии ИКС / Institute of Communication Studies