08/04/2024 toni

Посета на Македонската телевизија

Ученици од СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија беа во посета на Македонската телевизија заедно со наставниците: Тони Аврамов и Даниела Џишева. Домаќин на учениците беше советничката во МТВ Маја Дамјановска.

За време на посетата учениците имаа можност да се запознаат со работата на редакциите во телевизискиот медиум, но и да видат како се доаѓа до информацијата, како се работи и пласира во етерот.

Ученикот Ѓорги Новаковски и професорот Тони Аврамов беа гости во утринската програма на МТВ каде го претставија новинарскиот клуб „Јоска“.