02/05/2018 Goran Manev

Посета на Градска библиотека

Учениците од II1 и II3 клас гимназија остварија посета на Градската библиотека ,,Гоце Делчев” – Гевгелија.

При тоа, имаа можност да ја погледнат и им беше одржано кратко предавање за книгата ,,Огледало” од Кирил Пејчиновиќ – една од петте зачувани книги печатени како прво издание во Будим 1816 година.

На учениците им беше објаснето и библиотечното работење, како и различни аспекти од работата на Градската библиотека ,,Гоце Делчев”.