22/04/2021 toni

Патронен ден на СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија

Средното општинско училиште „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија на 23.4.2021 г. ќе го одбележи патрониот ден. Со положување на свежо цвеќе  на бистите на патронот и со онлајн манифестации и настани ќе се одбележи овој ден:
  • Работилница “Справување со стрес, депресија и анксиозност во време на пандемија” како дел од проектот за МИО, во соработка со училиштето “Арсениј Јовков” Скопје, која ќе се одржи онлајн од 11.00 часот;
  • Манифестацијата „Небо во претпладне златно“ која во електронска форма ќе биде постирана на Yo Tube каналот на училиштето и емитувана на ТВ НОВА:
  • 100 – Годишнина од раѓањето на Блаже Конески (рецитации и музички изведби) и
  • Изложба на фотографии „Животот како уметност“ со реконструкција на познати сликарски дела од различни автори.
Во реализацијата на манифестацијата со свои ученици учествуваа професорите: Снежана Арџанлиева ТаневаДаниела Џишева, Жаклина Атанасова и Александра Ќаева.