09/02/2024 toni

Oпштински натпревар по математика 2024

На 2.02.2024 во просториите на СОУ “Јосиф Јосифовски “ – Гевгелија се одржа општински натпревар по математика за учениците од средните училишта.  Од нашето училиште учествуваа учениците Стефан Младеновски, Васил Стоев, Стефанија Маркова, Андреј Димов, Леана Јанковска од прва година, Ангела Петрова и Јован Оџаков од втора година и Ива Цицмиловиќ од четврта година, под менторство на професорите Јасмина Папалазова, Драгица Петкова, Русица Атанасова и Зоран Филов. Беа постигнати следниве резултати :   ученикот  Стефан Младеновски освои прва награда, ментор проф.  Јасмина Папалазова,  ученикот Андреј Димов освои трета награда, ментор проф. Зоран Филов.

Учениците ќе учествуваат на регионалниот натпревар по математика на 02.03.2024 .