18/02/2021 toni

Општински натпревар по физика

На 12.02.2021 година, професорите – физичари од СОУ„Јосиф Јосифовски“-Гевгелија успешно го реализираа општинскиот натпревар по физика. Мотивација беа зборовите на претседателот на ДФРМ -проф. Ламбе Барандовски: – „ Дозволете прво да се заблагодарам што и во овие тешки денови и месеци поради Ковид пандемијата и понатаму максимално сте посветени на промоција на физиката и на работа со талентираните ученици“.

На натпреварот учествуваа 14 ученици, 11 од прва година и 3 од втора година. Честитки за сите учесници, и многу успех понатаму за учениците што се пласираа на регионалниот натпревар:

Драгана Петкова II1

Златка Петрова II3

Антониј Стојменов II2

Ива Цицмиловиќ I3

Анастасија Танева I1

Вања Стојменова I2

Даниел Угарчев I1

Сандра Шапкарова I1

Софија Арнаудова I1

Ирина Прошева I3

Ефтим Стоев I1

Учениците работеа под менторство на професорите: Сашко Колев, Рамона Панорова и Марија Танева.