25/04/2024 toni

Одржлив културен и рурален туризам во Гевгелискиот регион

Во проектот „Одржлив културен и рурален туризам во Гевгелискиот регион“ како раководител на проектот е м-р. Бранко Бизоев, а соработници: Ангела Бизоев, Стефче Стефанов, Лидија Јовановска, Ристо Диманчев, членови на проектниот тим: Софија Стојанова, Наталија Димеска, Елена Галовиќ, Љубица Гоцевска, Снежана Стојанова, Верица Клисарова, Билјана Петрова.

Успешните проекти можат значително да го подобрат угледот на училиштето во локалната заедница и пошироко, покажувајќи ангажираност кон иновативно и квалитетно образование. Многу проекти, кои се реализирани во нашето училиште, вклучуваат соработка со локалната заедница или бизниси, што влијае на зајакнување на врската помеѓу самото училиште и неговата околина и обезбедува дополнителни ресурси и поддршка. Преку интегрирање на проектните активности во наставата, нашето училиште ги мотивира учениците, ангажирајки се во нив, максимално да го искажат својот потенцијал. Проектната работа во училиштето има важна улога во развојот на учениците и нивното образование. Таа не само што ги поттикнува учениците да ги применуваат знаењата што ги стекнуваат во училницата, туку им овозможува и да ги подобрат нивните вештини за тимска работа, креативност, проблемски решенија и комуникација. Со вклучување на проектни активности во учебниот процес, нашиот наставен кадар, се обидува да создаде средина, која ќе ги поттикнува учениците да истражуваат, креираат и учат на начини кои традиционалните методи на настава не можат целосно да ги обезбедат.

Сите досега реализирани проекти во  угостителско-туристичката струка, имаат значајна улога во развојот на учениците и нивното разбирање за овие дејности

ОДРЖЛИВ КУЛТУРЕН И РУРАЛЕН ТУРИЗАМ ВО ГЕВГЕЛИСКИОТ РЕГИОН

Доколку сте заинтересирани за престој во дестинација со туристички содржини кои се развиваат на културно наследство, нови искуства, запознавање со автентична култура и гастрономски вредности и за сместување во амбиент поинаков од класичниот, тогаш ви го препорачуваме нашиот регион – Гевгелија.

Во Гевгелискиот регион подеднакво можете да уживате во пријатната медитеранска клима, во нејзините плодови и вина како и во автентичноста на  понудата во малите семејни објекти за сместување на село. Познато е дека, масовниот туризам веке не е хит меѓу туристите како и тоа дека, денешните туристи се повеке се свртуваат кон одмор во селско опкружување. А тоа, покрај одморот, значи и конзумирање на локални производи, купување на сувенири, уживање во локалните обичаи и култура…

Класичните објекти кои го претставуваат културното наследство на некое место  или регион, самите по себе никогаш нема да бидат мотив за доаѓање на посетителите, доколку истите не бидат така уредени што ке одговараат на нивните современи интереси и барања.

Секој регион си има свое раѓање, постоење, имиња, луѓе, пејсажи, симболи, сегашност и иднина. За успешно формирање на еден туристички производ пресудно е постоењето на квалитетни и расположливи ресурси. Ние туристичката понуда на Гевгелискиот регион ке ви ја презентираме преку два проекта како идни туристички производи, кои во себе содржат легенди, историја и автентичност.

Промоцијата на одржливиот рурален и културен туризам, може да донесе низа предности за заедницата како што се: создавањето на нови можности за работа и приходи, заштита на културното наследство, зачувување на природните ресурси, подобрување на инфраструктурата, поддршка за локалните занаети и производи. Овие се само некои од предностите што заедницата може да ги добие, доколку активностите наведени во проектот, правилно се менаџираат.

Линк до флаер: