25/12/2022 toni

Новогодишните ѕвезди на Дон Кихот

Во вторник на 27.12.2022 г. во Народниот театар во Гевгелија ќе се одржи традиционалната новогодишна манифестација „Новогодишните ѕвезди на Дон Кихот“ организирана од Драмската група „Дон Кихот“ при СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија. На манифестацијата ќе учествуваат ученици со свои музички интерпретациии, а ќе бидат изведени и неколку драмски едночинки. Драмската група „Дон Кихот“ работи под раководство и менторство на професорката Даниела Џишева, а во реализацијата на манифестацијата се вклучени и професорите: Александра Ќаева, Вања Манчева и Тони Аврамов.

Почетокот на манифестацијата е закажан за 19.00 часот во Народниот театар во Гевгелија.